Добро владеење: Процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија

Во текот на 2006 и 2007 година, Фондацијата Метаморфозис ја спроведе ИКт-компонентата од проектот „Процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија“, спроведен од Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со Генералниот секретаријат (ГС) на Владата на Република Македонија.

Во рамките на проектот беше изработен порталот Добро владеење (gg.org.mk) кој континуирано служи како извор на информации и стручни ресурси од оваа област на македонски јазик, под раководство на ФООМ.

Со цел јакнење на капацитетот на ГС, беше обезбедена поддршка на неговиот сектор за ИКТ со човечки ресурси (вработување на ИТ-персонал) и беа обезбедени дополнителни обуки за лицата задолжени за ажурирање на порталот uslugi.gov.mk.

Во рамките на ИКТ компонентата беше формирана мултидисциплинарна работна група составена од ИКТ-експерти кои воедно ги претставуваа релевантните општествени чинители: владини институции (ГС, Секретаријат за европски прашања, Министерство за финансии, Службен весник), деловниот (Мајкрософт) и граѓанскиот сектор (Метаморфозис и ФООМ).

Работната група ги анализираше веведените стандарди за сигурност, приватност, употребливост и пристапност на документите што се разменуваат преку интра- и интер-комуникација во рамките на државната управа во споредба со соодветните практики во земјите на ЕУ, како и дотогашната работа на Владиниот портал за е-услуги, а направи и проценка на потребите за обука на администрацијата според барањата на ЕУ.

Како резултат на работата на Работната група беа објавени следните изданија:

Назад кон Добро владеење

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Добро

владеење:

Процена

на

потенцијалот

за

добро

владеење

во

Македонија