Активно граѓанско учество преку употреба на нови технологии

31.08.2014

Проекти

Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на институциите на системот, преку нивното отворање за процесите на активно граѓанско учество, што ќе доведе до зголемување на внатрешната кохезија на македонското општество и забрзување на неговата интеграција во ЕУ. Проектот ќе се фокусира на градењето на локалните капацитети за формирање на партнерства и мрежи за имплементирање на вредностите на активното граѓанско учество, преку обуки првенствено насочени кон невладините организации и потенцијалните граѓани активисти. Овие активности ќе се вршат во соработка со општинскиот персонал во општините каде што има политичка волја за обезбедување услови за активно граѓанско учество, и ќе се фокусираат на обезбедување на вештини за лобирање и застапување на невладините организации во општините каде што администрацијата нема интерес за партиципативна демократија.

Специфични цели на проектот се:

  • Подигнување на свеста на граѓаните, политичарите и на државните службеници за активното вклучување во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
  • Зголемување на капацитетот на граѓанските активисти, членовите на невладини организации и неформални групи, како и на индивидуалните граѓани за активно граѓанско учество преку користење на ИКТ.
  • Создавање на мрежа од невладини организации за да се олесни и да се поттикне активно граѓанско учество во нивните локални заедници, во соработка со општините.
  • Создавање на ресурси за активно граѓанско учество на македонски и албански јазик, вклучувајќи и наставен план за обука, прирачник, како и веб-портал на кој ќе се чуваат ресурсите и со кој ќе се овозможи размена на најдобри практики.
  • Создавање на локални веб-сајтови за содржини генерирани од граѓаните, кои ќе послужат за распространување на општите информации за општините и како платформи за дискусии за прашања од локално значење.
  • Зголемена употреба на постојните дигитални алатки за граѓанско учество, особено оние што ги обезбедуваат локалните општини.
  • Примена на стекнатите знаења и вештини за локални иницијативи организирани од страна на директните корисници на проектот.