Мрежа на граѓански организации за отворени податоци

20.10.2014

Проекти

Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation го спроведува проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“ чија цел е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за податоци – Македонија.

Проектот ќе ги поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци со цел зголемување на одговорноста на владата, подобрување на испораката и услугите и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политиките.

Целната група ќе се стекне со нови вештини кои ќе и помогнат во лоцирање, преземање, обработка, интерпретација и анализирање на податоци со цел наоѓање на докази, креирање на визуализации и пренесување на приказни со кои ќе ги поткрепат своите аргументи при залагањето за подобри услуги и политики.

Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

BF-3Gyiz_400x400