Проектот има за цел да помогне во развојот на демократијата и отвореното општество во Македонија, преку придонесување за заштитата на основните човекови права, во областа на заштита на дигиталната приватност. Конкретни цели на проектот се да ја подигне свеста на јавноста, а особено на децата, за нивните права во врска со употребата на интернетот и да им се обезбедат информации и знаење за да се заштитат овие права преку технички и правни средства.
Очекувани резултати:
- Подигната свест на децата за прашања од областа на приватноста, особено за начините како да се решат овие прашања преку иновативна употреба на нови технологии, што го прави учењето забавно.
- Подигната свест на родителите, старателите и наставниците за прашањата од областа на приватноста и нивната улога во постигнувањето на безбедна интернет околина за нивните деца.
Период на спроведување: јуни 2009 – јули 2010