Мени
e-stores_MK

Македонија: Расте бројот на е-продавници со политики за приватност

Периодичниот мониторинг на присутност на политики за приватност кај е-продавниците спроведен од тимот на Метаморфозис укажува на растечки тренд. Со порастот на бројот на е-продавници, расте и процентот на политики на приватност во овој сектор. Во јули 2011 година, 77% од активните е-продавници имаат објавено политики за приватност.

Како последователна активност на проектот Иницијатива за приватност на Интернет (Online Privacy Initiative – OPI), а со цел зголемување на јавната свест за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, тимот на Метаморфозис  одржа презентации во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот.

e-stores_MK

Беа одржани две одделни презентации, на 28 мај и 5 јули, 2011 година, на кои беа опфатени следните теми:

На обуките, на кои се опфатени и сите други аспекти на отворање е-продавница, учествуваа околу 39 учесници, од следните четири групи:

  • Сопственици и менаџери на фирми кои се занимаваат со продажба и имаат
    желба да ја подобрат преку нов канал за продажба
  • Директори на продажба и маркетинг
  • Млади претприемачи кои сакаат да започнат свој е-бизнис
  • Ентузијасти кои имаат потреба да научат повеќе за електронската трговија

Поврзани натписи