Мени
akiles-books

Новелистката Акиле Еминова промовира две е-книги

На почетокот на овој месец, две нови е-книги беа објавени на порталот за авторски содржини: www.cc.org.mk, под Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. Автор на овие дела е Акиле Еминова, која оваа недела ни кажа нешто повеќе за себе.

Акиле Еминова, припадничка на ромската заедница со штипско потекло има завршено само средно образование бидејќиakiles-books потекнува од скромно работничко семејство, но како што самата вели: „го обожавам пишаниот збор и пишувам откако знам за себе“. „Освен литературата, ја сакам драмската уметност, а како аматер учествував во многу претстави на Драмското студио при Домот на културата Ацо Шопов во Штип.“ Ваквите активности и донеле многу патувања и освоени награди на разни фестивали во Македонија и ширум бившите ЈУ простори. „Можеби токму ваквиот живот ми овозможи професионално да му се посветам на пишувањето“, вели Акиле.

Својата прва книга „Аманетот“ ја има напишано додека работела во фабрика за сијалици. Производот го има испратено на конкурс во организација на „Македонска телевизија“ на кој ја има освоено првата награда. По излегувањето од печат на книгата „Танцот на душата“, следувале некои од нејзините поголеми успеси на полето на литературата – покана за промовирање на двете новели во Грац- Австрија, и Берлин, Штутгарт – Германија.

Во моментов Акиле Еминова има една неотпечатена новела под наслов „Подигни ја завесата“, која во најскоро време исто така ќе стане дел од е-библиотеката на овој портал.

Поврзани натписи