Мени
20131018 182036

Одржана регионалната работилница „Иновации за добро“ во Белград

Microsoft ја организираше регионалната работилница „Иновации за добро“ во соработка со невладината TechSoup Global на 18-19 октомври, 2013 година. Целта на работилницата беше зајакнување на вештините на младите во областа на општествените иновации и претприемништвото. Работилницата се одржа во канцелариите на Microsoft Србија, со 50 учесници од седум земји во регионот.

Целта на работилниците „Иновации за добро“ во рамките на иницијативата YouthSpark на Microsoft е да им помогнат на младите луѓе заедно да ги истражуваат општествените промени, со помош на технологијата како алатка. За време на дводневната работилница, учесниците од различни општествени сфери и од невладиниот сектор истражуваа како новите технологии можат да се применат и насочат кон создавањето на општествени промени и подобра иднина за младите и нивните заедници. На овогодишниот регионален настан „Иновации за добро“ што се одржа во Белград, присуствуваа и претставници од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија.

Фондацијата Метаморфозис учествуваше на настанот како дел од широката соработка со TechSoup и Microsoft која опфаќа градење капацитети на невладини организации и образовни институции преку обуки и донации на софтвер, а којашто моментално се одвива во Македонија, Косово и Албанија.

20131018 182036

20131018 181801 

HPIM2333

20131019 143130

HPIM2325

HPIM2323

Поврзани натписи