Студија за јавна политика: Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност

Целта на оваа студија за јавни политики е да се испита тековното ниво на користењена веб-локациите на централните и на локалните власти во Република Македонија (што претежно користат домени .gov.mk) во областите на транспарентност, отчетност и е-учество на граѓаните во донесувањето одлуки, како и да понуди препораки како да се надминат пречките што оневозможуваат да се оствари целосниот потенцијал на новите технологии во овие области.