Мени
eriders

е-Рајдери

Проектот е-Рајдери (официјален блог на проектот) го јакне капацитетот на граѓанските организации (НВО) во Македонија за да ги пренесат своите пораки, да поттикнат граѓанско учество во општествениот живот, да коалицираат и подобро да им служат на своите заедници. Е-Рајдерите (од анг. е-Јавачи) се мобилни консултанти што обезбедуваат поддршка за граѓанските организации за оптимално искористување на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) како средство за поефикасно извршување на активностите и остварување на нивната мисија и цели. Тие на граѓанските организации од Македонија им обезбедуваат бесплатна техничка поддршка и помош при развојот на индивидуални стратегии за употреба на ИКТ. 

Мисија на проектот е да им се помогне на невладините организации во изготвувањето на издржлива ИКТ стратегија скроена според нивните активности, цели и мисија, да се подобрат ИКТ капацитетите на невладините организации, да се подигне и подобри квалитетот на известувањето и промовирањето на придобивките од информатичкото општество и да се изготват ефективни ИКТ стратегии кои ќе им овозможат на невладините организации да ја користат технологијата за унапредување на нивните активности и мисија.