Мени
чп

Човекови права

Човековите права и слободи се основните критериуми кои ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество, а истовремено тие се најјасниот показател за карактерот на власта. Метаморфозис се залага за развој на демократијата и подобрување на квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето, а воедно ја поддржува употребата на нови технологии за креирање на нови простори овозможувајќи јавна дебата и размена на објективни информации, паралелно со напорите за зголемување на дигиталната писменост и борбата против говорот на омраза. Потпрограми во рамките на оваа програма се: Приватност и сигурност, Слобода на изразување и Права на пристап за сите.

Потпрограми