Водич за офицери за заштита на лични податоци во јавни институции

Целта на овој Водич е да даде практични насоки и препораки како да се пристапи кон примената на важечките прописи од областа на заштитата на личните податоци од страна на државните и јавните институции, во улога на контролори, како и за офицерите за заштита на личните податоци кои се назначени од нивна страна.

Водејќи се од европската регулатива и најдобрите меѓународни и домашни практики од оваа област, овој Водич одговара и дава практични насоки за тоа што е потребно да биде усвоено и применето од страна на контролорите и обработувачите при активностите на обработка на личните податоци, а во насока на полесно разбирање и спроведување на одредбите од релевантната регулатива, притоа минимизирајќи го ризикот од евентуална злоупотреба, како и земајќи ги предвид најновите технологии и технолошки решенија.

Дополнително, овој Водич е посебно наменет да му помогне на лицето назначено на позиција – офицер за заштита на личните податоци – преку обезбедување детални чекори и практични примери за поедноставно извршување на неговите задачи, одговорности и предизвици, во согласност со применливите прописи од оваа област.