Оценката за начинот на пријавување за работа како државен службеник

Во текот на мај и јуни 2007 година, Фондацијата Метаморфозис спроведе истражување за веб-сајтот Пријава преку интернет на Агенцијата за државни службеници. Целта на истражувањето беше да се дознае мислењето и искуството на кандидатите за работни места на државни службеници за апликацијата која овозможува пријавување на конкурсите преку интернет.