Мени
pisatelot-varski

Македонија: од е-книга до печатено издание преку Криејтив комонс

Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во културниот центар Точка ќе биде промовирано печатеното издание на книгата „Варски и други раскази“ која првично беше издадена во електронска форма под Криејтив комонс, а чиј автор е Душко Гошевски. 

pisatelot-varski

Дуле Варваринот од Валандово како што е повеќе познат авторот на ова дело, ја објави книгата „Варски и други раскази“ на порталот за авторски содржини во електронска форма на 8 февруари оваа година и до сега е преземена околу 2400 пати, што јасно зборува за ефектот од промовирањето на е-содржини преку Криејтив комонс. Содржините на оваа книга се во најголем дел избрани постови од неговиот блог, каде покрај раскази и поезија тој објавува и критики за книжевноста, уметноста и музиката.

„Варски и други раскази“ е првото објавено дело на овој писател кое вечерва ќе ја доживее својата промоција и во печатено издание. Инаку, печатеното издание на книгата ќе биде дигитализирано и исто така објавено под Криејтив комонс лиценца. Во исто време, достапно ќе остане за преземање и првото електронско издание.

Поврзани натписи