Македонија
Innovation Forum @ Microsoft Визија
08.10.2009
Оваа година во рамките на седмата по ред конференција Визија на Microsoft се одржа и форум под наслов „Иновациите и економскиот развој“ – Innovation Forum, кој се осврна кон решавање на социјалните и економските проблеми на денешницата, особено во услови на светска криза, со помош на технолошки иновации.
Форумот го отвори Јан Мулфеит (Jan Muehlfeit), кој преку својата презентација „Кризите како можност за иновација“ го претстави потенцијалот на ИТ индустријата во време на светска криза и како оваа област може да го измени општеството. Исто така тој наведе дека софтверската и ИТ индустријата се клучни фактори за иновациите и економскиот развој на земјите.
Вториот дел од форумот беше наменет за проектот „Партнери во учење“ на Microsoft и проектите коишто се изведуваат заедно со USAID, „Развивање на следната генерација на работна сила“, и Британскиот совет, „Превидување на школото на иднината“. Сите проекти се насочени кон подобрување на образованието во Македонија, како и овозможување на подобра иднина на студентите и полесно вработување.
Конференцијата Визија на Microsoft се одржува и денес, а фотографии од настанот може да погледнете на Flickr профилот на IT.com.mk: