Мени
lenovo.gif

Леново отсега и на македонскиот пазар

Леново ја најави стратегија во Македонија: понуда на висококвалитетни производи и услуги и постојани иновации

lenovo.gifКомпанијата Леново го најави почетокот на делувањето на компанијата во Македонија, по успешно завршената интеграција со одделот за производство на компјутери на АјБиЕм (IBM).

– Особено ми е мило што имам прилика да го најавам официјалниот почеток на работење на Леново во Македонија, што верувам дека ќе отвори нова ера во областа на компјутерските системи во оваа земја – изјави Ненад Баста, директор на претставништвото на Леново за Србија и Црна Гора и Македонија. – Наша цел е да одговориме на потребите на корисниците, а наша обврска ќе биде понуда на иновативни Леново производи, пониски трошоци за користење и поголема продуктивност – додаде  Баста.

Локален партнер на Леново за територијата на Македонија е компанијата Инет.

По неодамнешната интеграција со АјБиЕм и претставувањето на Think технологијата, во моментов Леново е рангиран меѓу првите три компании на светскиот PC пазар, со околу 7% удел на пазарот. Годишното производство изнесува околу 14 милиони единици (податоци за календарската 2004 година), со годишен приход од 13 милијарди американски долари.

Поврзани натписи