Мени
egov.jpg

Промовирани порталите за е-владините услуги

Порталите ги промовираше премиерот Владо Бучковски и претставници на компанијата „Мајкрософт“

Во Владата на Република Македонија беа промовирани три портали за е-владини услуги за граѓаните. Порталите ги промовираше премиерот Владо Бучковски и претставници на компанијата „Мајкрософт“. Порталите за е-услугите се реализирани во рамките на Договорот за стратешко партнерство од 2003г. меѓу „Мајкрософт“ и Владата на Република Македонија.

Беа промовирани следните портали:

Портал www.uslugi.gov.mk наменет за граѓаните на Македонија преку кој е овозможен пристап до информациите за услугите на сите министерства од јавната администрација. Според премиерот порталот ќе придонесе и до подобрувањето на слободниот пристап до информации од јавен карактер во пресрет на донесувањето на законот.

Портал www.emarketplace.org.mk наменет за малите и средните претпријатија и нивно претставување на интернет со цел започнување на електронско тргување.

Интерен портал gs.gov.mk наменет за потребите на Генералниот секретаријат на Владата за следење на статусот на реализација на одлуките на Владата.

Порталите се изработени од македонските компании „Семос Мултимедија“ (www.emarketplace.org.mk и gs.gov.mk) и „Некст сенс“ (www.uslugi.gov.mk), кои се дел од мрежата на локални фирми-партнери на „Мајкрософт“ (gold certified partners).

Директорот на „Мајкрософт Македонија“, Илијанчо Гаговски, изјави дека „овие проекти успеаја оти Владата и „Мајкрософт“ навистина функционираат како партнери“ со поддршка на сите нивоа и дека реализацијата на Договорот за стратешко партнерство, кој завршува за 3 години, Мајкрософт ќе ја промовира како студија на случај во неговите маркетиншки активности низ светот.

egov.jpg 

Поврзани натписи