Мени
Get_Online_Week-2011-mk

Вклучете се во кампањата „Get Online Week“

„Get online week“ е голема европска кампања која има за цел да го зголеми бројот на лица кои користат компјутер и интернет, преку подигнување на јавната свест за придобивките од дигиталната инклузија.

Здружението на граѓани „Отворете ги прозорците“ се вклучи во кампањата, организирана од Телецентар – Европа и поддржана од Европската комисија и бројни граѓански организации, компании и медиуми.

Во периодот од 28-ми февруари до 5-ми март 2011, преку разни настани во цела Европа ќе се испрати пораката дека компјутерот и интернетот се алатки што можат да му помогнат секому, без исклучок.

Здружението „Отворете ги прозорците“, во соработка со други граѓански организации, ќе ги претстави придобивките од користењето компјутер и интернет на педесетина лица со хендикеп кои досега немале можност за тоа.

Дадете ја вашата поддршка:

 Get_Online_Week-2011-mk

Во 2010 година, во истата акција околу 70.000 лица од цела Европа го имале првиот „допир“ со компјутерите и интернетот. Годинава, очекувањата на организаторите се да бидат опфатени 100.000 нови корисници на компјутери и интернет.

Поврзани натписи