Анализа на состојбата со е-учењето во Македонија

Моделите на координација и интеграција на активностите треба да бидат насочени и кон самите корисници поединци или групи, а не само кон субјектите кои работат на продукцијата на ресурси. Ова подразбира реализација на онлајн-сервис или веб-страници кои треба да бидат лесен мост кон ресурси кои се достапни за користење. Истражувањето е направено како дел од […]

Мини-истражување за ставовите на студентите во врска со користењето на интернет и социјални медиуми

Во тек на 5 дебати за социјални медиуми, кои се одржаа во текот на месец април, 2012 година, како дел од проектот Социјални медиуми за демократија, Метаморфозис спроведе мини-истражување за ставовите на младите во врска со употребата на интернетот и социјалните медиуми. Во истражувањето учествуваа 154 студенти од 4 универзитети во Република Македонија.

Прелиминарни податоци од истражувањето „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество

Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество“, спроведе истражување чија цел е утврдување на квалитетот на е-услугите и алатките за комуникација со граѓаните кои ги нудат gov.mk веб-локациите и истакнување на позитивни примери со цел поттикнување зголемено користење на овие е-услуги.Истражувањето го опфаќа […]

Анализа на состојбата со е-отпадот во Македонија

Во Македонија беа спроведени истражувања со цел да се обезбеди првична процена на законската и институционалната рамка, да се идентификуваат постојните практики за управување со е-отпад и што е најважно – да се добијат валидни и мерливи статистички податоци за состојбата со е-отпадот во тие земји.