е-Инклузивност: Лицата со хендикеп се активни граѓани

Цел на проектот

Да се обезбедат подобри можности за лицата со хендикеп, за тие да станат рамноправни и активни учесници – социјално и економски – во македонското општество.

Очекувани резултати

Јавноста, а особено лицата со хендикеп ќе бидат информирани за помошната технологија и придобивките. Тие ќе дознаат дека може да ја користат помошната технологија за да имаат поголеми шанси за вработување и подобро образование. Студентите со хендикеп може да ја користат оваа технологија за да комуницираат со нивните професори и колеги, да пишуваат домашни работи (лицата со физички хендикеп имаат потешкотии при пишување со пенкало) и да пристапуваат до информации на интернет. Повозрасните лица со хендикеп ќе можат да работат со компјутери, со што ќе станат попривлечни на пазарот на труд. Помошната технологија може да им помогне на лицата со хендикеп да се натпреваруваат за работни места и места за кои е потребно познавање на работа со компјутери. Јавноста, која би била поизложена на предизвиците со кои се соочуваат лицата со хендикеп, ќе ја измени својата перцепција дека лицата со хендикеп се целосно неспособни да придонесуваат и учествуваат во општеството. Јавноста ќе биде поотворена и повеќе ќе ги прифаќа лицата со хендикеп.

Назад кон е-Инклузивност

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

е-Инклузивност:

Лицата

со

хендикеп

се

активни

граѓани