„Отворениот пристап претставува бесплатна достапност на дигитални содржини преку интернет. Најпозната и најлесно изведлива форма на отворен пристап е објавување рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа.“
Ова е вториот од серијата кратки документи за различните аспекти на ИКТ и информатичкото општество. Водичот е резултат на соработката на Фондацијата Метаморфозис и ЈИСЦ, и е наменет за оние кои се заинтересирани околу прашањата поврзани со отворениот пристап, а особено за студенти, професори, истражувачи, издавачки куќи.