Во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ на Фондацијата Метаморфозис, во јуни 2011 година, беа посетени 8 градови во Република Македонија, вклучително Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Велес, Дебар, Неготино и Штип. Целта на посетите беше проекција на кратки едукативни филмови и презентација на онлајн игри изработени како дел од проектот.
За време на овие посети беше спроведено истражување за навиките на интернет кај децата на теми поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, користењето мобилни телефони, играњето онлајн игри, четувањето, сајбернасилството, како и општите интернет навики. Во истражувањето учествуваа 517 ученици на возраст од 9 до 14 години, од локалните основни училишта во посетените градови.
Ова е второ проширено истражување на поголем, нерепрезентативен примерок за територијата на Република Македонија.