Колку владите на Западен Балкан се посветени на политиките за отвореност и транспарентност

Проактивноста само како мртва буква на хартија

Со исклучок на Законот за слободен пристап до информации во Босна и Херцеговина, сите земји во регионот имаат дефинирана законска обврска за проактивна транспарентност. Меѓутоа, самото непочитување на оваа обврска, во комбинација со слабите механизми на надзор, ја прави бесмислена целта и намената на овие законски одредби.

Тешко до информации и преку законски механизми

До одредени информации за работата на институциите не може да се дојде дури ни тогаш кога давањето на таков вид информации им е законска обврска.

Дури една четвртина од институциите од регионот не одоворија на нашите барања за слободен пристап до информации од јавен карактер!

(Не)стратешки пристап кон политиките на отвореност

Северна Македонија е првата земја во нашиот регион која одлучи политиката на отвореност да ја направи посебна преку посебна стратегија. Искуството на оваа земја потврдува дека не е доволно само добро да се планираат активностите. Спроведувањето на оваа стратегија стагнира поголем дел од времето.

Лепење на етикета „тајно“

Властите често произволно ги користат своите овластувања за да ги прогласат документите и податоците како тајни, додека на јавноста, поради самата природа на доверливите информации, ѝ е исклучително тешко да врши контрола врз системот за доверливост.

Јавноста обично нема начин да ја доведе во прашање евентуалната неоправдана класификација на документите, ниту да ги следи роковите за прекинување на тајноста на документите!

 

Колку се отворени парламентите на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Собрание на автономна покраина Војводина 29.2% Парламент на Федерација БиХ 33.3% Народно собрание на Република Српска 42.3% Парламент на Република Црна Гора 85.5% Собрание на Република Северна Македонија 71.9% Парламентарно собрание на Босна и Херцеговина 61.2% Народно собрание на Република Србија 56.9%

Колку просечно се отворени министерствата на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Северна Македонија 58.6% Црна Гора 48.2% Босна и Херцеговина 38.5% Србија 46.8%

Колку се отворени владите на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Влада на Република Српска 35.9% Покраинска влада на Војводина 30.5% Влада на Република Србија 45.5% Влада на Република Црна Гора 58.2% Советот на министри БиХ 75.5% Влада на Федерација БиХ 38.2% Влада на Република Северна Македонија 82.7%