Користење на новите медиуми од кандидатите за изборите 2009

Фондацијата „Метаморфозис“ спроведе истражување и анализа на веб-сајтовите и користењето на социјалните медиуми на кандидатите за претседател на државата и градоначалници на локалните избори во 2009 година. Истражувањето покажа дека дека кандидатите не ги искористуваат во целост можностите за комуникација и интеракција преку веб и е-пошта со сите потенцијални гласачи. Споредбата на бројот на поддржувачи на популарната социјална мрежа Фејсбук покажа висока корелација со резултатите од гласањето, што укажува дека применетите методи може да се користат и за предвидување на исходот на слични настани. Особено е интересно што со примената на методот при вториот круг на гласање предвидувањето на исходот се изврши со степен на грешка од само 1 отсто.