Објавен Мониторинг на медиумите – Анализа на медиумските содржини поврзани со добро владеење

Како дел од проектот – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа – ACTION SEE, конзорциумот составен од 6 држави во регионот и Вестминстер фондација за демократија, работеа на развивање на Мониторинг на медиумите – Анализа на медиумските содржини поврзани со добро владеење, за секоја од 6-те држави од регионот.

 

Целта на оваа анализа е да даде осврт за тоа како известуваат медиумите за темите на добро владеење, транспарентност, отчетност и какви граѓански иницијативи и активности се преземени, односно проектни теми кои се разбработени. Анализата има за цел да детектира какви промени предизвикале медиумите со објавување и третирање на тие теми и тоа на ниво на политики, законски измени или организација на јавни дебати со цел да се предизвикаат измени, дополнувања во легислативна смисла или да се променат одредени состојби преку граѓански активизам.

На тој начин придонесуваме кон констатацијата дека медиумите играат клучна улога во развојот на реформските процеси, како и состојбите кои се однесуваат на темите на добро владеење во државата и во регионот. Медиумите преку своите објави придонесуваат секојдневно кон промени во водењето на политиките на национално и локално ниво, како што е случајот со примерите кои се обработени подолу во оваа анализа: почиста животна средина, здравство и трошење на јавни пари.

Имајќи на ум дека исти вакви анализи како документ се подготвени и во партнерските држави на проектот ACTION SEE, заклучните согледби од овој тип имаат референца и за регионалните состојби во медиумите.

 

Превземете ја анализата за Северна Македонија на овој линк.

 

Документот е достапен на англиски и македонски јазик.

 

Проектот Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа – ACTION SEE е спроведуван од Фондација Метаморфозис, Вестминстер фондација за демократија, Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Граѓанска асоцијација Why not?, Центар за демократска транзиција – CDT, Open Data Kosovo (ODK), и Levizja Mjaft!.

Гледиштата изразени во овој текст се исклучиво на авторите.