Цел на овој извештај е да се даде преглед на состојбите поврзани со примената на законските рамки поврзани со слободниот пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија (РМ) во изминатиот и тековниот период, до 31 декември 2017 година.
Овој извештај дел од поширок извештај кој се однесува на состојбите со слободата на интернет, со фокус на слободата на изразување, приватноста и безбеденоста во дигиталниот свет, како дел од проектот „Слобода на интернет“ кој го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ во рамки на регионалниот проект „Интернет слобода во Источна Европа и Евроазија“ на Американска адвокатска комора (АБА РОЛИ).
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата „Метаморфозис“ и на АБА РОЛИ.