Мени

Прелиминарна анализа на веб-сајтовите на индивидуални кандидати за изборите 2009 (верзија 0.5)

Првата фаза на анализата на Метаморфозис покажува дека 93% од кандидатите за градоначалници не го користат интернет за промоција, а повеќето од оние кои го користат употребуваат мал дел од неговите можности за комуникација со граѓаните. Скоро сите претседателски кандидати имаат објавено веб-сајтови, при што единствената жена-кандидат за претседател нема сопствен веб-сајт, туку се презентира преку веб-сајтот на политичката партија што ја предлага. Поради важноста од примената на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во работата на централната и локалната власт и од аспект на олеснување на животот и работата на граѓаните, како и поради огромна улога на развојот на информатичкото општество во процесот на евроинтеграција, Фондацијата Метаморфозис спроведе истражување и анализа на веб-сајтовите на кандидатите за претседател на државата и градоначалници на локалните избори чиј прв круг е закажан за 22 март 2009 година.

Преземања: 613