Препораки за подобрување на состојбата – Отвореност на институциите на извршната власт во регионот и во Република Северна Македонија

Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, ја изготви најновата студија на јавна политика во која го анализираме нивото на транспарентност, отвореност, отчетност на извршната власт во регионот на Западен Балкан.

Извршната власт во Република Северна Македонија исполнува 53% од индикаторите за отвореност, анализирани по областите транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност. Во оваа просечна оцена на исполнување на индикаторите за отвореност се опфатени Владата, која исполнува 78% од индикаторите, министерствата, кои исполнуваат 52% од индикаторите и пресметани се скромни 29% исполнување на индикаторите од страна на органите на државната управа. Оттука, се заклучува дека ангажираноста и посветеноста на стандардите за отвореност се на различно ниво кај различните структури на извршната власт, исто како и минатата година.

Дополнително, во иста насока се и заклучоците од набљудувањето на отвореноста за споделување на информациите за реализацијата на активностите од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-20224, каде се појавуваат разлики од институција до институција. За надминување на оваа состојба, од страна на Владата беше утврдена потребата за креирање нова Стратегија за транспарентност на Владата, а која се темели на препораката за системско решавање на концептот на отвореност дадена во Сеопфатниот план за добро владеење за државните институции во државата. Оваа Стратегија треба да ги утврди приоритетните области и да даде насоки за транспарентност на Владата и министерствата, како и за останатите органи на државната управа (кои одговараат пред Владата).

Прочитајте го целиот документ на овој линк.