ИНДЕКС НА ОТВОРЕНОСТ 2023, ПРОЦЕНА НА ДОБРОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА ИЗВРШНАТА ВЛАСТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Од страна на Европската комисија во Извештајот1 за Северна Македонија за 2023 г. периодот беше карактеристичен поради почетокот на процесот на пристапни преговори со ЕУ, вклучително и по скрининг-процесот. Беше истакнато дека во годината политичката состојба и понатаму беше поларизирана, што влијаеше врз соодветното функционирање на демократските институции. Северна Македонија продолжи со напорите за зајакнување на демократијата, а истовремено се соочи со значителни предизвици во областа на владеењето на правото. Констатирано е дека споделувањето административни податоци треба да се прошири и податоците треба да се поедностават со цел подобро да се информира за процесот на креирање политики и новото законодавство. Посочена е неопходност во иднина Владата да ги зголеми своите напори за вклучување на граѓанското општество во приоритетните области и во консултативните активности, со цел граѓанските организации да имаат важна улога во реформскиот процес и да бидат вклучени во процесите на донесување одлуки.

 

Овoj документ е подготвен од Фондацијата „Метаморфозис“ во рамки на проект финансиран од Националната фондација за демократија (NED) и и Фондација Отворено општество – Македонија. Ставовите и мислењата наведени во овој документ ги претставуваат мислењата на Фондацијата „Метаморфозис“ и тие не ги одразуваат ставовите на донаторот.