Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт

Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири држави од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Проценката е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да се утврди степенот до кој се почитуваат принципите на доброто владеење во регионот. Овој труд исто така дава длабинска анализа на работата на извршната власт и Собранието на Република Северна Македонија, но дава и резиме на вкупните перформанси на соодветните институции во нашиот регион. Регионалната перспектива служи како референца за тоа како напредуваат државите во регионот кон подобрување на доброто владеење и владеењето на правото што ги води кон нивната стратегиска цел – членство во ЕУ.

Овој труд е збогатен со практични препораки за тоа како извршната власт и Собранието во Северна Македонија можат да го подобрат нивното почитување на принципите на добро владеење во иднина. Препораките ќе бидат соопштени до високите државни службеници во сите набљудувани институции преку состаноци, како и до пошироката јавност преку социјалните медиуми и одржување на јавни настани.

Оваа проценка е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Оваа проценка е подготвена од Фондација Метаморфозис и мрежата ACTION SEE во рамки на Проектот за граѓанско учество (CEP) со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), во синергија со проект финансиран од Националната фондација за демократија (NED).

Проценка на нивото на спроведување на Акцискиот план на стратегијата за транспарентност (2019-2021) во периодот ноември 2019 – ноември 2020

Овој мониторинг го проценува спроведувањето на АП во две димензии: (1) дали се спроведува навремено и (2) дали се спроведува целосно во случаен примерок од 50 институции: 16 министерства и 34 органи и тела на извршната власт. Подготвени се четири различни прашалници според видот на институцијата и активностите кои тие институции требаше да ги спроведат […]

Леток – Отворен град

Дали сте слушнале за Иницијативата Отворен град? Иницијативата Отворен град има за цел да ги трансформира градовите во потранспарентни, отворени и достапни организации, кои се во постојан контакт со граѓаните и кои одговараат на нивните потреби. Дознајте повеќе во овој документ.

Визуелизација – обезбедена поддршка на пет државни институции за отворени податоци

Во текот на 2020 година Фондацијата Метаморфозис, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација спроведе активности за обезбедување на поддршка на пет државни институции за објавување отворени податоци. Активностите опфатија обезбедување на техничка поддршка на Министерството за локална самоуправа, Државната комисија за спречување корупцијата, […]