Визуелизација – Дигитизација, дигитализација и дигитална трансформација

При скенирање на хартиен документ во дигитален формат, тоа е конверзија = дигитизација.

Кога собирате податоци и користите онлајн алатки за нивна анализа и формирање одлуки, тоа е процес = дигитализација.

Кога ја прифаќате технологијата како дел од вашиот секојдневен живот и ја користите паметно, тоа е трансформација = дигитална трансформација.

Оваа визуелизација е достапна на англиски, македонски, албански, српски и црногорски јазик.

Оваа визуелизација е дел од проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА, ко-финансиран од Европската Унија.

_________________________________________________________________________________________________________________

Оваа визуелизација е изготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината од оваа визуелизација е единствена одговорност на ИЦЕДА партнерите и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европската Унија.

#ИЦЕДА2021

#ИЦЕДА2021 Ова се работите на кои работеше тимот на ICEDA, а ќе продолжи да ги прави и во наредниот период: Силна регионална мрежа на омоќени ГОи кои застапуваат за нови е-услуги и подобрување на постоечките Зголемени капацитети на ГОи и медиуми за справување со предизвиците поврзани со Дигиталната агенда. Локални центри за поддршка на е-влада […]

Опсерваторија на Дигитална агенда 2021, Кумулативен извештај за напредокот на Дигиталната агенда во Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија

Дигитализацијата во сите сфери и за сите општествени групи (без исклучок) е ефикасен механизам за подобрување на благосостојбата на граѓаните. Тоа значи подобрување на дигиталната работа и поголема ефикасност на институциите, организациите и другите општествени субјекти. Дигиталната агенда (ДА) го опфаќа развојот на информатичкото општество во најширока смисла. Со цел да се актуелизираат прашањата за […]

Визуелизација – Пристап до интернет – зошто е важен?

Директивата на ЕУ за пристап до интернет: веб-страниците и апликациите на јавниот сектор мора да исполнуваат конкретни критериуми за техничка пристапност. „Пристапноста до интернет не значи само технички стандарди, веб-архитектура и дизајн. Тоа е прашање на политичка волја и морална обврска“. (Конвенција за правата на лица со попреченост на ОН, Член 9 од Конвенцијата) Дигитална […]