Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA

21.02.2020

Проекти

Име на проектот: Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда– ICEDA

Цел на проектот

Проектот има за цел да го зголеми учеството на граѓанските организации (ГО) во обликувањето и имплементацијата на Дигиталната агенда на Западен Балкан.

 

Специфични цели

  1. Да се зголемат капацитетите на ГО и медиумите за справување со предизвици поврзани со дигиталната агенда, овозможувајќи им да станат активни учесници во процесот.
  2. Да се зајакне улогата на ГО во помагањето на државните институции за подобро искористување на потенцијалот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) со цел да се подобри квалитетот на нивните е-услуги за граѓаните, како и да се зголеми нивната отвореност.
  3. Да се зајакне довербата и безбедноста на интернет со одржување обуки за подигнување на свеста преку мрежа на ГО кои промовираат дигитална писменост, вештини и вклученост на регионално, национално и локално ниво.
  4. Да се зголеми видливоста на прашања поврзани со дигиталната агенда во рамки на граѓанското општество и медиумите.
  5. Да се зголеми побарувачката на граѓаните за квалитетни е-услуги преку обуки и подигање на свеста од страна на ГО.

 

Целни групи

  1. Локални ГО и локални медиуми
  2. Граѓаните како сегашни и потенцијални корисници на е-услуги
  3. Јавни/државни институции што нудат е-услуги на национално и локално ниво

 

Очекувани резултати

  1. Напредна дигитална агенда преку мрежа од 30 ГО од Западен Балкан поддржана од мала гранотва шема за спроведување конкретни иницијативи.
  2. Објавено истражување за состојбата на е-владеење во пет земји.
  3. Формирани 15 локални центри за поддршка за е-владеење, управувани од членови на мрежата на ГО.
  4. Подобрени вештини на ГО и медиумските професионалци на локално ниво за препознавање и справување со предизвиците поврзани со дигиталната агенда.
  5. Зголемена употреба на услуги за е-владеење од страна на граѓаните во одредени области.
  6. Зајакнат дијалог помеѓу ГО и владините институции за инклузивна дигитална агенда во која граѓаните се во центарот на вниманието, преку давање препораки за подобрување на е-услугите преку развиено и раширено истражување базирано на докази.

 

Проектни активности

  1. Истражување на состојбата на развој на е-владеењето и дигиталната писменост во одбрани земји.
  2. Создавање на мрежа на ГО за дигиталната агенда за Западен Балкан.
  3. Зајакнување на капацитетот на ГО и медиумите преку низа обуки.
  4. Доделување мали грантови на 30 ГО за промовирање и зајакнување на дигиталната агенда.
  5. Пружање поддршка на граѓаните и ранливите категории за употреба на постојните услуги за е-владеење.

 

Времетраење на проектот: 01.02.2020 – 31.01.2023 (36 месеци)

Финансиска поддршка: Европска Унија

 

Партнери:

  • Фондација Метаморфозис (Северна Македонија)
    metamorphosis.org.mk
  • Академија за е-владеење (e-Governance Academy) (Естонија)
    ega.ee
  • CRTA – Центар за истражување, транспарентност и отчетност (Србија)
    crta.rs
  • Партнери за демократска промена Србија (Србија)
    www.partners-serbia.org
  • NGO 35mm (Црна Гора)
    nvo35mm.org
  • Отворени Податоци Косово (Open Data KosovoODK) (Косово)
    opendatakosovo.org
  • Lѐvizja Mjaft! (Албанија)
    mjaft.org

 

 

mediumski-item-img-1.png

(ДИГИЛОК) Дигитална трансформација на локално ниво - Вклучена заедница за отпорност на корупција

Сузбивањето на корупцијата е суштинско за зголемување на довербата во институциите, заштитување на демократијата, промовирање правичност и добро управување. Граѓаните ja препознаваат корупцијата како најголем проблем, а коруптивниот притисок и виктимизацијата се значително

mediumski-item-img-1.png

ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа - 2022

ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа за институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа) е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владата во регионот

mediumski-item-img-1.png

Проект за граѓанско учество (CEP)

Датум на започнување на проектот: 17 август, 2016 Датум на завршување на проектот: 17 август, 2021 Буџет (за времетраење на проектот): $9,495,923 Спроведуван од: Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute– EWMI)