Единствено со јасен и разбирлив пристап кон сите граѓани, без исклучок, може да има одржлива дигитализација во сите сфери како ефективен механизам за значително подобрување на животниот стил на населението. Кога зборуваме за дигитализација во сите сфери, се повикуваме на унапредување и поголема ефикасност на институциите, организациите и другите субјекти. Бидејќи сме сведоци на пандемијата, можеме да забележиме дека овој чекор е повеќе од потребен за подобро функционирање на нашето општество и можеме да увидиме како оваа несреќна околност на некој начин го забрза ширењето на знаењето за придобивките од дигитализацијата. Сепак, мора да бидеме свесни дека брзата дигитализација сама по себе донесе и многу предизвици – пристап до дигитални уреди имаат и оние кои не се научени како правилно да ги користат, поради што се соочуваме со говор на омраза, лажни вести и дезинформации, малтретирање на интернет, компјутерски криминал итн.
Оваа визуелизација е дел од Извештајот за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија кој може да го прочитате тука .
______________________________________________________________________________________________________________________________________________
Оваа визуелизација е изготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината од оваа визуелизација е единствена одговорност на Фондација Метаморфозис и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европската Унија.