Визуелизација – oтвореност на локалната власт во регионот и во Македонија

Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, ја изготви најновата студија на јавна политика во која го анализираме нивото на транспарентност, отвореност, отчетност на локалната власт во регионот на Западен Балкан.

Преку оваа визуелизација се презентирани дел од клучните наоди од истражувањето на отвореноста на локалната власт во регионот и во Македонија. Податоците покажуваат дека најтранспарентна, но и најсвесна општина во Македонија е општина Гевгелија. Сепак, просечниот индекс на отвореност на локалната самоуправа во Македонија од 24% е под просечниот индекс на отвореност на локалните самоуправи во целиот регион, кој изнесува ниски 31%.

Целосната анализа можете да ја погледнете тука.

ACTION SEE lokalna samouprava
Infogram