Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, ја изготви најновата студија на јавна политика во која го анализираме нивото на транспарентност, отвореност, отчетност на собранијата во регионот на Западен Балкан.
Отвореноста на Собранието на Република Северна Македонија е незначително подобрена во споредба со 2017 односно исполнува 66% од индикаторите за отвореност, што е за 5% повеќе од претходната година. Тренд на благо подобрување на отвореноста се бележи и на регионално ниво, бидејќи во последната година парламентите ја подобрија исполнетоста на индикаторите за отвореност за 4%. Сега регионалниот просек на отвореност е 66%, со што Собранието на Република Северна Македонија со своите 66% отвореност влегува токму во рамките на регионалниот просек.
Целиот документ можете да го прочитате на овој линк.