Кибер безбедноста e термин кој означува примена на технологии, процеси и контроли за заштита на системи, мрежи, програми, уреди и податоци од дигитални напади.
Овој инфографик содржи преглед на одредбите од Уставот на Република Северна Македонија кои се поврзани со кибер-безбедноста и нуди препораки за подобрување на правната рамка во оваа област.
Истражувањето „Кибер-безбедност и човекови права во Северна Македонија и Западен Балкан: Мапирање на управувањето и чинителите“ може да се најде на овој линк.
Oваа визуелизација е изготвена во рамки проектот „Добро владеење во сајбер безбедноста во Западен Балкан“ имплементиран од DCAF – Женевски центар за управување со безбедносниот сектор и финансиран од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Владата на Обединетото Кралство. Содржината на оваа визуелизација е единствена одговорност на Фондација Метаморфозис и на ниеден начин не ги одразува ставовите на DCAF и на донаторот.