„Пристап во чиј центар е човекот, наменет за дефинирање на кибер безбедноста значи фокусирање не само на обезбедување на мрежи и услуги, туку и на тоа како овие мрежи и услуги можат безбедно да се користат од сите членови на општеството“.
Оваа публикација се фокусира на мапирање на можностите и предизвиците за човековите права поврзани со кибер безбедноста во Северна Македонија, која претставува недоволно истражена област во регионот на Западен Балкан. Студијата како целина има за цел да понуди препораки за вклучување на стандардите за човекови права во управувањето со кибер безбедноста и за подобра имплементација на нормите за кибер безбедност во рамките на човековите права во земјата.
Целото истражување е достапно на следниот линк. Тој е составен од вкупно шест поглавја, по едно за секоја економија во Западен Балкан. Секое од нив започнува со суштински концептуални информации за контекстот на кибер безбедноста и човековите права на секоја економија. Потоа, секој од нив истражува четири основни тематски прашања: кибер безбедност и право на приватност, кибер безбедност и слобода на изразување, кибер безбедност и слобода на мирно организирање собири (и, каде што е релевантно, слобода на здружување) и кибер безбедност и антидискриминација. На крајот, тие ги презентираат начините за унапредување, со конкретни препораки за засегнатите страни.
Студијата за Северна Македонија беше спроведена од Фондацијата Метаморфозис со поддршка и меторство на DCAF – Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, во рамките на проектот „Добро управување со кибер безбедноста на Западен Балкан“ финансиран од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Владата на ОК (FCDO).