Визуелизација – обезбедена поддршка на пет државни институции за отворени податоци

Во текот на 2020 година Фондацијата Метаморфозис, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација спроведе активности за обезбедување на поддршка на пет државни институции за објавување отворени податоци. Активностите опфатија обезбедување на техничка поддршка на Министерството за локална самоуправа, Државната комисија за спречување корупцијата, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности и Државниот пазарен инспекторат во отворањето на нивните податоци.

Како резултат на спроведените активности до сега се објавени вкупно 30 нови податочни сетови во отворен формат. Објавените отворени податочни сетови вклучуваат податоци кои се однесуваат на буџетите на институциите, јавните набавки, структурата на вработени, податоци за општините и планските региони, податоци за наплата на даночни приходи, структура на остварените приходи од ДДВ, податоци за опасни производи откриени на пазарот на РСМ, регистар на службени возила и други. Исто така беше направен попис и каталогизација на податочните сетови во петте институции и беа изработени интерни процедури за објавување на отворени податоци.

На визуелизацијата подолу погледнете ги вкупните резултати од обезбедената поддршка на петте институции за отворени податоци.

Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт – мерење за 2021

Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири […]

Индекс на отвореност на локалната самоуправа за 2022 година

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2022 година. Проценката е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност. Истражувањето за 2022 година покажа дека повеќето општини не […]

Водич – Тактичко ангажирање на податоци

Фондацијата Метаморфозис е посветена на зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во подобрувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите на централно и на локално ниво. Активностите што ги спроведува Метаморфозис имаат за цел да создадат средина во која гласот на граѓаните ќе има влијание и ќе придонесе за решавање на проблемите, обезбедувајќи информации и алатки […]

Verified by MonsterInsights