ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ
-
Оглас за вработување на раководител/ка на проект
-
Огласот е отворен до: 07/03/2024
Основни информации
Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку својата програма „Медиуми за демократија“ препознава дека едно информирано општество е суштествено за обезбедување одговорност како на јавниот, така и на приватниот сектор. Активностите кои што „Метаморфозис“ ги реализира во рамките на оваа програма имаат цел да креираат средина во која слободните и професионални медиуми имаат клучна улога во обезбедувањето на знаење и глас на граѓаните, откривање на корупција и развивање на една култура на критика, каде граѓаните ги преиспитуваат дејствијата на властите и на корисен начин учествуваат во демократските процеси.
Во рамки на програмата „Медиуми за демократија“, Фондацијата „Метаморфозис“ ќе ангажира раководител/ка на проект.
Одговорности на раководителот/раководителката
- Да координира спроведување на активности за унапредување на медиумските слободи и јакнење на отпорноста на дезинформации;
- Да следи релевантни извори на информации за поуспешно спроведување на планот за градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите;
- Да предлага акции за јавна едукација, односно да се зајакне капацитетот на клучните засегнати страни (граѓански организации и активисти, медиуми и новинари, државни институции и носители на одлуки) за да може активно да учествуваат во градење отпорност од штетните антидемократски влијанија;
- Да соработува со засегнатите страни и колегите во „Метаморфозис“ за целокупно успешно спроведување на проектите и програмските активности.
Раководителот/раководителката ќе одговара пред менаџерот на програмата „Медиуми за демократија“.
Потребни услови и лични вештини
- Завршено високо образование;
- Искуство со раководење проекти на национално или регионално ниво.
- Вештини за целосно организирање настани од голем обем;
- Навремено комуницирање со голем број партнери/странки;
- Комуникациски вештини;
- Аналитички способности и подготвеност за учење;
- Позитивен однос и способност за работење со почитување рокови;
- Високо ниво на познавање и примена на македонскиот јазик (усно и писмено);
- Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и писмено);
- Високо ниво на познавање и примена на други јазици од регионот (усно и писмено, ќе се смета како предност);
- Спремност за службени патувања во земјата и/или странство.
Вид на ангажманот
Раководителот/раководителката ќе биде вработен/а на определено време од 1 година, со пробен период од 3 месеци и со можност за продолжување на договорот.
Услови за пријавување
Заинтересираните кандидати/тки што ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат работна биографија (CV) и кусо писмо за интерес. Пријавите треба да бидат пратени по е-пошта на info@metamorphosis.org.mk до 07.03.2024 година.
Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
Фондацијата „Метаморфозис“ нуди еднакви можности за сите заинтересирани и не дискриминира по ниту една основа при вработувањето.
ВОЛОНТИРАЊЕ
-
Оглас за вработување на раководител/ка на проект