Степен на отвореност на податоците

17.01.2022

Вебинар

Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, изработи 10 видео лекции за отворени податоци. Секое видео е посебна лекција која опфаќа области значајни за процесот на отворање на податоците од државните институции. Видео лекциите ќе го стимулираат интересот за учење, ќе ја зголемат мотивацијата и ќе пренесат знаење на теми кои се во врска со отворените податоци.

Обуката за отворени податоци има за цел да го унапреди знаењето и вештините првично на лицата кои ќе работат на отворање на податоците во државните институции, а потоа и на сите заинтересирани. Преку 10-те видео лекции, слушателите ќе се стекнат со познавања за концептот и придобивките на отворени податоци; ќе се стекнат со познавања за техничките аспекти за отворени податоци, вклучувајќи формати на отворени податоци, платформи за отворени податоци, лиценцни модели, структура на податочни сетови и димензии на квалитет на податоци; како и напредни познавања за процесот на идентификација, каталогизација и приоритизација на податочни сетови; но, и процесот на објавување на податочни сетови на порталот data.gov.mk.

multi-list-img-1.png

Што се отворени податоци?

Вебинар

multi-list-img-1.png

Формати на отворени податоци

Вебинар

multi-list-img-1.png

Платформи за отворени податоци

Вебинар