Извршен директор
Бардил Јашари е директор на фондацијата Метаморфозис (Македонија). Неговите професионални интереси главно се во сферата на новите технологии, медиумите, граѓанскиот активизам, е-владата и учеството. Претходно има работено како координатор на Програмата за информации на Фондацијата Отворено општество – Македонија. На овие две позиции тој има раководено со проекти на национално и меѓународно ниво, во тесна соработка со други меѓународни организации, владини органи, бизнис и граѓанскиот сектор.
Тој е член на Националниот совет за информатичко општество на Македонија и е национален експерт за Македонија на наградата на светскиот самит на ОН. Во минатото тој членувал во работната група за националната стратегија за развој на информатичкото општество и служел како комесар во Агенцијата за електронски комуникации (26.04.2005 – 06.10.2010).
Бардил има магистрирано на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот Париз 12 (Франција). Дипл. инженер по информатика – насока информатички системи на Универзитетот во Загреб, Факултет за организација и информатика – Вараждин (Хрватска).