meta tim sliki-02.jpg

Елида Зулбеари

Раководител на проект

Искусен новинар и уредник. Работи во Фондацијата Метаморфозис како проектен менаџер на проекти поврзани со слободата на говорот и проекти поврзани со зајакнувањето на медиумите во Македонија.

Има завршено постдипломски студии по Дипломатија и додипломски студии по Комуникациски науки од Универзитетот на ЈИЕ во Северна Македонија.

Од 2012 година е главен уредник на информативниот портал на албански јазик Portalb.mk.

Од 2020 година е главен уредник на албанската верзија на онлајн платформата за проверка на факти Вистиномер.мк.

Таа беше член на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија.

Беше главен уредник на албанските верзии на проектот за промовирање и едукација за медиумска писменост: Критичко размислување за медиумски писмени граѓани – CriThink и проектот за проверка на факти: Сервис за проверка на фактите во медиумите.

Таа е сертифициран обучувач од TechSoup за Медиумска писменост и Справување со дезинформации.

Таа била клучен говорник, панелист и фасилитатор на разни национални и меѓународни конференции за прашања поврзани со слободата на говорот и медиумите, говорот на омраза на интернет, медиумската писменост, дигиталното и истражувачкото новинарство, доброто управување и транспарентноста.

Н А Ш И О Т

Т И М