Заменик уредник на Вистиномер
Политички новинар со речиси 30 години работно искуство. Новинарската кариера ја почна во дневниот весник „Нова Македонија“, каде работи во периодот од 1993 до 1999 година, а потоа од 1999 до 2011 година продоллжува во „Утрински весник“.
Последните неколку години е ангажирана на проекти поврзани со професионалните и етички стандарди во новинарството, како и на проекти за отчетност и добро владење. Од 2013 до 2015 година е рецензент во „Сервисот за проверка на факти од медиумите“, а од декември 2015 година е уредник во „Вистиномер“.
Има завршено Градежен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.