Уредник-новинар
Работи како уредник и новинар во Фондацијата Метаморфозис, на медиумските проекти Сервис за проверка на факти во медиумите и на Вистиномер од 2015 година.
Блажевски е дипломиран новинар, кој своето формално образование го има надоградено со бројни обуки во Македонија и во странство.
Има 33-годишно работно искуство во новинарството, од кои над 27 професионално и тоа како репортер, уредник и главен уредник (9 години), во повеќе печатени и електронски медиуми, вклучувајќи ги и новите медиуми.
Блажевски е член и на ЖК на Советот за етика во медиумите во Македонија од од 2014 година, потпретседател на ССНМ, како и член на Управниот одбор во Транспаренси интернешнл – Македонија.