Добро владеење: Проект за е-Влада – Поддршка на институциите за воведување стандарди (2010-2011)
Проектот за е-Влада финансиран од USAID го спроведуваше мрежата Internews во периодот од 2004 до 2010 г., а во периодот од 2010 до 2011 г. истиот го спроведуваше во соработка со Фондацијата Метаморфозис. Главната цел на проектот беше да се имплементираат модерни решенија за е-власт во Република Македонија кои би ја зголемиле ефикасноста и транспарентноста на управувањето со јавниот сектор и би отвориле нови канали за водење бизнис на отворен и безбеден начин, со што Македонија би станала поатрактивна за инвестициската заедница.
Проектот за е-Влада разви 11 апликации. Најголем дел од нив беа наменети за олеснување на комуникацијата меѓу владините институции и деловната заедница (G2B), но неколку се фокусираа на интеракцијата помеѓу државната администрација и граѓаните (G2C) или интеракцијата во рамките на одредени владини институции (G2G). Работата на проектот и севкупните заложби на Владата на Република Македонија во областа на е-влада неодамна беа потврдени од страна на International Herald Tribune во статијата со наслов „Борба против корупцијата преку е-власт“ (Преземете ја статијата).
Со процесот на развој на сите апликации целосно управуваше персоналот на проектот за е-влада, кој вршеше и реинженеринг на деловните процеси, промени во законската рамка, дизајн на моделот на апликацијата, како и избор на програмерот на софтверот. Софтверот за секоја апликација го развиваа локалните македонски ИТ компании.
Сподели: