Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните (МЕК)

31.08.2014

Проекти

Целта на проектот беше подобрување на меѓуетничките односи и јакнење на институциите на системот, со цел зајакнување на демократијата во Македонија и забрзување на процесот на пристапување во ЕУ.

Во конкретните цели на проектот спаѓаа подобрувањето на капацитетите на членовите на Комисиите за односи со заедниците (КОЗ) со цел да станат поефикасни, да се зголеми нивната видливост и способноста за работа во рамките на нивните законски одредени надлежности, преку употребата на нови технологии.

Следниве конкретни области беа опфатени преку:

  • Креирање комуникациска платформа за КОЗ – внатрешно меѓу сегашните членови, меѓу КОЗ од различни општини, како и со граѓаните; заедно со процедури и практики за користење на оваа платформа (онлајн систем за информации) и дополнителни офлајн активности.
  • Помагање на воспоставувањето на институционална меморија за КОЗ, преку архива на случаи и одлуки, како и инструкции и упатства во врска со правата и обврските на КОЗ, достапни и за општинската администрација и граѓаните воопшто.
  • Платформата се користеше во 4 пилот општини, но беше достапна за сите други општини, за време и по завршувањето на проектот, обезбедувајќи одржливост и ефект на умножување.

Проектот го зголеми капацитетот на Комисиите за односи меѓу заедниците (КОЗ) во четири мултиетнички пилот-општини – Дебар, Гостивар, Чаир и Тетово – преку обуки, техничка помош, обезбедување опрема и софтвер и спроведување на јавни настани.

Проектот значително придонесе за зголемување на видливоста на КОЗ и проширување на комуникацијата меѓу граѓаните и локалната самоуправа, како предуслов за подобрување на управувањето со меѓуетничките односи во пилот заедниците и развојот на демократијата врз основа на европските вредности на толеранција и диверзитет.