Политичкиот спектар овозможува утврдување на генералната идеолошка ориентација на лицата кои се тестираат. Функционира на тој начин што се одговара на вкупно 60 прашања, поделени во 5 тематски целини.
- Перцепцијата на себеси и другите
- Економија
- Социјална политика, образование, култура, медиуми
- Лични права (општествени вредности, религија, секс)
- Политички систем, ред и поредок
Прашањата ја утврдуваат генералната ориентација на лицето што се тестира по две основи: левица/десница и слободарство/авторитарност, која ќе се прикаже по одговарањето на сите прашања на тестот.