Програми
Добро владеење: Слободен пристап до информации во локалната самоуправа во Македонија
18.03.2009
Главната цел на проектот беше да се погрижи ЕЛС да бидат подготвени да ги исполнат законските обврски кои произлегуваат од Законот за слобода на информирањето. Беа подготвени и спроведени курсеви за обука за Законот на слобода на информирањето онлајн. За таа цел беше создаден посебен систем за онлајн учење и асистирање.
Во овој проект се вкрстуваа повеќе иницијативи на ФООМ, односно Правната програма, Програмата за информации и Програмата за јавна администрација, во соработка со Заедницата на единиците за локална самоуправа.
Очекувани резултати:
- Да им се помогне на единиците за локална самоуправа да изготват постапки за организирање и складирање информации на начин којшто ќе овозможи лесно идентификување и лоцирање;
- Носечкиот персонал да знае што треба да прави и да го прави тоа;
- Јавноста да знае што треба да очекува и да го добива тоа;
- Молбите и одлуките да се евидентираат и документираат.
Преземете го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер