Надминување на дигитален јаз
Дигитални клубови
Во рамките на проектот Дигитални клубови коj веќе неколку години го спроведува Фондациjата Метаморфозис, отворени се 12 дигитални клубови на териториjата на Република Македониjа. Дигиталните клубови нудат голем број на активности и услуги кои вклучуваат пристап до ИКТ од страна на жителите во заедницата, со цел поддршка на нивниот социјален и економски развој. Дигиталните клубови ги исполнуваат стандардите на Метаморфозис за е-точки. Мисијата на дигиталните клубови е обезбедување на едукација, пристап до електронски бази на податоци, употреба на електронски услуги и развивање на свест за информатичката технологија и демократија, како и промовирање на методологии и идеи кои ќе помогнат во забрзување на позитивното ширење на информатичката технологија меѓу луѓето без разлика на нивната возраст и потекло. Мапа на отворени дигитални клубови ДК Камењане Дигиталниот клуб Камењане се наоѓа на главната улица во тетовското село Камењане. Овој клуб располага со 7 компјутери, еден печатач и еден скенер како и интернет приклучок. Ги нуди следните услуги: курсеви за Windows XP, WordPad, Microsoft Word и интернет интернет пристап (пребарување и имејл) печатење скенирање компјутерски игри ДК Ранковце Дигиталниот клуб Ранковце се наоѓа во селото Ранковце кое е некаде помеѓу Кратово и Крива Паланка. Клубот е сместен во објектот веднаш до општината, а е во непосредна близина на основното училиште во селото. Освен жителите на с. Ранковце, овој клуб редовно го посетуваат и жителите на соседните села (Петралица, Ветуница, Опила, Гиновци, Радибуш, Псача, Отошница и Љубинце). Во