Uncategorized
Зошто да го користите Диспејс?
(погледни ја содржината на страницата на албански јазик) Диспејс е софтвер со отворен код што овозможува отворено споделување на содржини кои потекнуваат од организации, континенти и времиња. Еве неколку факти поврзани со неговата употреба и, воедно, причини зошто би се определиле за него:Најголема заедница на корисници и програмери во светотЗаедницата формирана околу диспејс вклучува 700 организации кои моментално го користат софтверот за поставување на дела или како околина за работа со проекти. Најчесто се употребува од страна на истражувачките библиотеки како институционално складиште, но има многу организации кои го користат софтверот за да поставуваат и уредуваат тематски базирани складишта, складишта со податоци или мултимедијално базирани складишта. Листата на сите регистрирани корисници можете да ја видите овде. За да погледнете мапа на сите регистрирани учесници, посетете ја оваа локација. Други содржини поврзани со отворен пристап Информации за проектот: е-Инклузивност: Иницијатива за Отворен пристап во Македонија Презентација за отворен пристап: верзија на македонски јазик; верзија на албански јазик Претставување на Депот: Ново складиште за научниците и истражувачите од целиот свет Вести: Одржани првите презентации за отворен пристап, Делење постери за отворен пристап, Завршени договорените презентации за отворен пристап Фотографии од одржаните презентации за отворен пристап низ високо-образовни и истражувачки институции во Македонија (слајд шоу) Бесплатен софтвер со отворен кодПлатформата со отворен код диспејс е бесплатно достапна за сите. Може да се преземе од складиштето за софтвер со отворен код sourceforge. Кодот е моментално лиценциран со