Tag: Франција | 30 results

Укинат францускиот систем со три предупредувања пред исклучување од интернет

јули 18, 2013

Францускиот закон за три предупредувања пред исклучување од интернет, познат како Хадопи, со години беше повод за дебати и контроверзии, првенствено затоа што дозволуваше исклучување на интернет-врските на лица за кои било утврдено дека нелегално преземаат материјали заштитени со авторски права. Меѓутоа, француската влада сега се откажува од овој пристап.

Француските фирми за слободен софтвер бараат владина политика за споделување и повторна употреба

февруари 15, 2013

Француската влада треба да ги принуди јавните администрации да ги споделуваат и да ги употребуваат нивните ИКТ решенија повторно, препорачува Conseil National du Logiciel Libre (CNLL), трговската групација која застапува повеќе од 300 ИКТ фирми.

Француска група за застапување го осуди игнорирањето на Законот за јавни набавки од страна на Министерството за одбрана

февруари 11, 2013

Француската група за застапување за слободен софтвер протестира против повторните преговори на Министерството за одбрана околу договор за лиценца за комерцијален софтвер кој беше потпишан пред четири години без процес на јавна набавка. Групата бара од Министерството да ги запре разговорите со продавачот на комерцијален софтвер и да организира јавен повик за понуди.

Француски суд смета дека YouTube не треба да одговара за содржините

јуни 8, 2012

На 29 мај 2012 година, во случајот изведен пред суд од страна на TF1 против Google, а во врска со неговиот сервис YouTube, Високиот суд на Париз пресуди дека YouTube е само сервис за хостирање и затоа не е обврзан да ја контролира содржината што ја објавуваат неговите корисници.

Саркози: Трошоците за слободен софтвер на администрацијата растат за 30 проценти на годишно ниво

април 25, 2012

Францускиот претседател Николас Саркози вели дека 15 отсто од буџетите за ИТ на француската јавна администрација се трошат за купување на услуги базирани на слободен софтвер и дека оваа сума расте 30 отсто годишно, извести CNLL, трговска група која ги застапува ИТ компаниите кои обезбедуваат услуги базирани на слободен софтвер. Саркози и пренесе на групата дека слободниот софтвер има „стратешко значење за развојот на францускиот дигитален сектор“.

Твитер цензурира профили кои го критикуваат Саркози

март 1, 2012

Од 16 до 18 февруари, 2012 година, во изненадувачки и прв опасен преседан во Франција, друштвената мрежа Твитер суспендираше четири сметки на корисници кои објавуваа изјави со исмејување на францускиот претседател Никола Саркози.

Хадопи ги презема последните чекори за прекинување на пристапот до интернет

февруари 20, 2012

Францускиот орган Хадопи соопшти дека неговата Комисија за заштита на правата ги испратила првите жалби до судот против интернет-корисниците за нелегално преземање датотеки, како последна фаза од неговиот систем со три предупредувања пред исклучување од интернет.

Универзитетот во Ница објави систем за е-учење

јануари 11, 2012

Jalon е систем за управување со содржини за учење првобитно развиен од Универзитетот во Ница Софија-Антиполис во Франција и на располагање на Joinup од декември 2011 година. Истиот е базиран на системот за управување со содржини Plone, како алатка за е-учење од далечина и е објавен под лиценцата GNU-GPL.

Франција: премиерот бара широка употреба на слободни и отворени формати во владата

септември 20, 2011

Француската организација April за застапување за слободен софтвер и отворени стандарди го поздравува апелот на францускиот премиер до министрите да се обезбеди широка употреба на слободните и отворени формати во јавната администрација.

Франција: лаптоп-компјутери со слободен софтвер за 32.000 ученици од регионот Лангдок-Русијон

септември 6, 2011

Следниот месец, 32.000 деца на училишна возраст од регионот Лангдок-Русијон во Франција ќе бидат први низ училиштата во земјата што ќе користат лаптоп-компјутери на коишто претходно е инсталиран слободен софтвер и кои се интегрирани во националната мрежа за електронско образование.

Франција и Тунис ќе соработуваат во областа на софтверот со отворен код

август 15, 2011

Франција и Тунис потпишаа заедничка декларација за владина соработка во доменот на софтверот со отворен код, со која се предвидува планирање на првите француско-туниски состаноци за софтвер со отворен код кои ќе се одржат во Тунис во текот на есента во 2011 година.

Француската агенција за заштита на податоци го казни Google со 100 илјади евра за случајот со неговиот Street View

март 25, 2011

CNIL (француската агенција за заштита на податоците) неодамна изврши серија проверки во врска со усогласеноста на Google со француското законодавство во однос на прибирањето податоци од Wi-Fi мрежи за неговите услуги Google Maps, Street View и Latitude на територијата на Франција.

Франција: Донесена пресуда за укинување на тендерот за јавна набавка со кој се игнорираше софтверот со отворен код

февруари 11, 2011

Донесувајќи одлука за поништување на тендерот објавен на 28 септември 2010 од страна на три државни институции за набавка на софтверски пакет за буџетски, сметководствен и финансиски менаџмент, Управниот суд на градот Лил на 29 декември, 2010г., го поддржа издавачот на софтвер со отворен код кој ја оспори тендерската постапка.

Француските власти сакаат корисниците да инсталираат шпионски софтвер на своите компјутери

септември 1, 2010

На француските интернет корисници наскоро може да им биде побарано да инсталираат шпионски софтвер на своите компјутери со кој ќе се следат нивните навики за пребарување на интернет и ќе се анализираат апликациите инсталирани на нивните компјутери, со цел да се спречи „пиратеријата со споделувањето на датотеки“.

Крај за анонимноста на блогерите во Франција?

јуни 3, 2010

На 3 мај 2010г., францускиот сенатор Жан-Луј Масон поднесе нацрт-закон со кој би се ставил крај на анонимноста на блогерите, кои, според текстот, ќе треба на своите блогови да наведат податоци за идентификација, како што се име, телефонски број и адреса.

Францускиот парламент настојува во својата цел да го цензурира интернетот

март 5, 2010

На 16 февруари, Националното собрание (Долниот дом на францускиот парламент), го усвои првиот нацрт на таканаречениот Закон Loppsi 2 со кој на властите им се овозможува да го контролираат интернетот под изговор дека тоа го прават за подобрување на безбедноста на граѓаните.

Видео средба

јануари 20, 2010

На 15 јануари 2010 година беше реализирана првата видео средба меѓу деца - ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес и ОУ „Ст. Јован“ Ливеро, Долна Нормандија - Франција.

Страна 1 од 2